Уапсен Македонец во Белград – ограбил два стана и однел часовници, накит, пари…

Македонскиот државјанин добил 30-дневен притвор поради ризик од бегство

од Nikola Popovski
86 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МУП Србија

Според наредбата на јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, полициските службеници на Одделот за сузбивање на имотни деликти на ПУ за град Белград – УКП донеле решение за притвор на државјанинот на Македонија Г.С. (52) поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело тешка кражба.

Постои сомнение дека на 2 април, тој во два наврати со помош на соодветен алат ги отклучувал вратите од станови на територијата на Нов Белград и од нив украл златен накит, неколку рачни часовници и пари во износ од 250 евра.

– За време на расправата во обвинителството, обвинетиот изјавил дека не сака да се изјасни за наводите од кривичната пријава и дека не сака видео снимките да му бидат презентирани – се наведува во соопштението на српското Обвинителство.

Имајќи предвид дека осомничениот нема живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Србија, како и извештај за престој на странец, Третото основно јавно обвинителство во Белград доставило до Третиот основен суд во Белград предлог за определување притвор на обвинетиот до 30 дена поради околности што укажуваат на ризик од бегство.