УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ: ПАДНА балканска нарко-банда во Шпанија, запленети 168 килограми дрога

од Vladimir Zorba
441 прегледи

Шпанската полиција уапси девет лица од српско, македонско и албанско потекло во Шпанија кои биле дел од организирана нарко банда која одгледувала марихуана во Шпанија, а при претрес на седум локации запленети се 168 килограми дрога, околу 20.000 евра во кеш, два автомобили, телефони, лаптопи …

Истрагата против оваа група започна на 20 март, по пријави за неколку нелегални лаборатории за одгледување на овој наркотик. По опсежна истрага, утврдено е дека на седум локации има цели системи за одгледување марихуана и дека секој објект има свој платен чувар.

Меѓу уапсените е и една жена, пишуваат српските медиуми.

Една од куќите била користена како логистичка база на нарко-бандата, а од неа било координирано се што се случува во другите објекти. Во текот на истрагата е откриено дека во секоја куќа живее по едно лице кое е задолжено за одгледување, развивање и берење на растенијата, а тоа лице никогаш не излегува од дома, бидејќи дури му се обезбедува храна која му ја доставуваат до врата.

Во сите седум имоти имало софистицирани електрични инсталации кои се користат за стимулирање на растот, светилки, системи за вентилација и машини за одржување на влажноста. Во повеќе згради се запленети 2.800 растенија, 168 килограми растенија во пупки, околу 20.000 евра во кеш, мобилни телефони, неколку лаптопи, две возила и разни документи.

Уапсени се девет лица, меѓу кои и една жена, од кои три веќе имаат полициски досиеја.

Слични содржини