670
Недалеку од Крагуевац е уапсен Урош Б.(21), масовниот убиец од Младеновац, јавува РТС.
Урош Б. синоќа уби осум и рани 13 лица.
Потрагата по Урош Б. започнала синоќа, а на теренот имало повеќе од 600 припадници на специјалците, а во текот на ноќта се слушале и хеликоптери како прелетуваат над областа.
Синоќа напаѓачот испукал рафали од автомобил во движење. Пукал на три локации во село Дубона.
Според неофицијални информации од терен, пукањето започнало по расправија во училишниот двор, по што осомничениот отишол дома да земе пушка и почнал да пука. Во престрелката загинале полицаец и неговата сестра, додека идентитетот на останатите жртви не е познат.