Уапсен маж обвинет за вознемирување и следење на Тејлор Свифт

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Маж бил уапсен и обвинет за вознемирување и следење на пејачката Тејлор Свифт недалеку од нејзиниот дом во Њујорк.

Дејвид Кроу (33) од Сиетл е уапсен во понеделникот по поднесената жалба во која било наведено дека „емотивно растроен маж се однесува несоодветно“, соопшти њујоршката полиција и потврди дека уапсениот е обвинет за вознемирување и следење, пренесе Би-Би-Си.

Инцидентот се случува неколку дена откако се појавија сомнежи дека домот на американската пејачка бил цел на провалници додека таа била отсутна за да го поддржува својот партнер, играчот на НФЛ, Тревис Келси на натпреварот на Сити Чифс на неговиот тим против Бафало Билс.

Обожаватели често се обидуваат да упаднат во домовите на Тејлор Свифт во Њујорк, Калифорнија и Род Ајленд, наведува Би-Би-Си, додавајќи дека во 2022 година, маж бил уапсен затоа што пијан се обидел да упадне во нејзиниот стан во Њујорк, а друг бил осуден на шест месеци затвор откако упаднал во домот на пејачката, каде полицијата го нашла како спие во нејзиниот кревет.

Слични содржини