Уапсен маж од струмичко, вонбрачната пријателка го пријавила дека ја силувал

од Milan1
177 прегледи

Жител на струмичко село е уапсен откако неговата вонбрачна партнерка го пријавила дека ја силувал, соопшти МВР.

„На 30.10.2024 во 18.45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, поради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, велат од МВР.

По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини