Уапсен маж пред парламентот во Лондон, кој носел неколку ножеви

од Milan1
13 прегледи

Неименуван маж е уапсен денеска бидејќи носел неколку ножеви пред британскиот парламент. Вооружената полиција околу 15.00 часот веднаш уапсила 34-годишен маж во близина на влезот на Долниот дом на Парламентот, објави „Би-Би-Си“.

Изгледа дека мажот носел домашен оклоп и борбени панталони. При апсењето тој фрлил на земја британско знаме и зелен ранец.

Портпаролот на лондонската метрополитен полиција Мет изјави дека тој е уапсен под сомнение дека носел оружје на јавно место.

Тој е приведен во полициска станица, а нема повредени.

Слични содржини