Вооружен маж уапсен е во центарот на Загреб, Хрватска, во непосредна близина на зградата во која живее претседателката на Хрватска Колинда Грабар – Китаровиќ. Се шетал по улица со пушка в рака, јавија хрватските медиуми.

Местото го обезбедува полиција, и тоа интервентна со панцири и кациги.
Пред влезот е паркирано полициско комбе и еден автомобил/
„Околу 15 часот имавме дојава дека непознато лице се шет апо улицата со оружје. Со брза реакција на полицијата лицето е уапсено, ставено под надзор и доведено во службени простории. Им благодариме на граѓаните на брзата дојава“, велат за “Index” од загрепската полиција.