276
Полицијата во Сиднеј уапсила маж кој е осомничен за организирање на една од најголемите операции за шверц на хероин во модерната историја на Австралија, според извештаите на ДПА. Мажот бил приведен на аеродромот откако пристигнал од Турција.
Австралиската федерална полиција информирала дека во изминатите три години, осомничениот престојувал во повеќе земји. Во декември 2020 година, тој организирал трансфер на 347,9 килограми хероин во Сиднеј од Тајланд. Полицијата додала дека осомничениот имал “широки врски” со меѓународни криминални групи и предходно бил уапсен во јануари од турските власти.