188
Припадници на српското МВР во Крагуевац го привеле Н.З.(1969) од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело насилничко однесување.
Тој е осомничен дека на 10 април околу полноќ влегол во угостителски објект во Крагуевац и со моторна пила на струја им се заканувал на членовите на музички бенд.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е изведен во Основното јавно обвинителство Крагуевац.
Да потсетиме, на социјалните мрежи се прошири снимка од маж кој се заканува со моторна пила во ноќен клуб.
Според тамошните медиуми, меѓу посетителите настанала гужва и паника.