Уапсен напаѓачот кој ги застрела Милош и Стефан на Косово

од Radmila Tasevska
290 прегледи

Полицијата го уапсила напаѓачот на српските момчиња, пренесува Коха.

Според првите информации уапсен е А.К.(33), кој е префрлен на распит во Урошевац.

За потсетување, две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денес во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово на Владата на Србија.