445
Новинарот Фуркан Салиу попладнево беше уапсен со единица за брзо распоредување.
Салиу снимал на фудбасли натрепвар, по што сообраќајна полиција го запрела и побарала поддршка од ЕБР.
За вечерва најавена е и прес-конференција на владејачката СДСМ во врска со овој случај.
Изминатиов период новинарот Салиу е во фокусот на јавноста откако објави протечени документи и оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ.
Според оперативниот план кој го објави Салиу, ВМРО-ДПМНЕ имало разработена шема за изработка на лажни вести, лажни анкети, но и цел план за злоупотреба на податоци од државните институции со цел придобивање гласови.