Поранешниот олимписки шампион во џудо, Зураб Звијадаури е уапсен под обвинение за повеќекратни убиства, објави во вторникот Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Зијадаури е обвинет за учество во престрелка во која загинаа три лица, заедно со друг соучесник. Сето тоа наводно се случило во градот Цинандали, на околу 95 километри од главниот град Тбилиси, така што на поранешниот херој на нацијата му се заканува казна затвор до 15 години.
Тоа е голем удар за грузискиот спорт бидејќи Звијадаури го донесе првото олимписко злато во оваа земја, тој се смета за еден од најголемите спортисти во нивната историја, но …
Звијадаури има 40 години и од златото на Олимписките игри во Атина влезе во политиката.
Поранешниот светски шампион во џудо (2001 и 2003 година) беше член на грузискиот парламент од 2012 до 2016 година, по што се повлече од сцената некое време до непријатниот настан.