27
Осомничениот за подметнување пожар во синагогата во градот Ла Гранд Мот во департманот Аројо, е уапсен во градот Ним, соопшти утринава францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманин.
Тој на мрежата Икс напиша дека во полициската акција во саботата вечерта учествувале повеќе од 200 припадници на полицијата.
Дерманин додаде дека се приведени уште две лица кои биле во непосредна близина на осомничениот и дека нивното сослушување е во тек, пренесува Фигаро.