Уапсен полицаец кој земал поткуп од 20 евра од Холанѓанец

од desk2
177 прегледи

Вчера бил уапсен 50 годишен полицаец, кој во униформа запрел холандски државјанин , кој возел од Маврови Анови кон Дебар и му побарал 20 евра поткуп за наводен сообраќаен прекршок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го лиши од слобода А.Б.(50), полициски службеник вработен во Регионален центар за гранични работи Запад, поради сомнение за злоупотреба на службената должност.

Имено на 21.09.2019 околу 16.20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му земал поткуп од 20 евра.

По преземени мерки и дејствија, осомничениот полициски службеник со кривична пријава предаден е на надлежен судија на претходна постака, соопшти МВР.