Поранешниот НБА кошаркар Делонте Вест беше уапсен и приведен во четвртокот во Вирџинија поради прекршување на условната казна и давање отпор при апсењето, јавуваат американските медиуми.
40-годишникот моментално се наоѓа во затворот во округот Ферфакс, со кауција одредена од 2.000 долари. Тој ќе биде сослушан пред судот во петок наутро по локално време.
Уапсен е по претрес на полицијата од која бегаше, но органите на редот на крајот го пронајдоа без свест и под дејство на наркотици. Вест имаше солидна НБА кариера, а привлече големо медиумско внимание кога се појавија видеа како проси на улица.
Тогаш во целата приказна се вклучи милијардерот Марк Кубан, сопственик на Далас Маверикс, поранешниот клуб на Вест. Богатиот бизнисмен му обезбедил услови за откажување од дрога, но очигледно лекувањето не било успешно.
Вест беше 24-ти пик на НБА драфтот во 2004 година и беше избран од Бостон. По три сезони поминати во дресот на Селтикс во најсилната лига на светот, играше во Кливленд со Леброн Џејмс и Далас (2011/12). За време на неговата кариера во НБА, тој имаше просек од 9,7 поени и 3,6 асистенции во текот на осум сезони. Подоцна тој беше член на кинеските клубови Фуџијан и Шангај Шаркс, а кариерата ја заврши во 2015 година како играч на Тексас Легендс во развојната Г лига.
Делонте во НБА инкасираше нешто повеќе од 16 милиони долари, а за време на играчката кариера водел бурен живот и успеал да потроши и да прокоцка се што заработил. Тој јавно проговори и за неговата дијагноза – биполарно растројство.
Delonte West was arrested early this morning in Virginia on two misdemeanors (violating conditions of release & resisting arrest), where he posed for an alarming mugshot.
Delonte's being held on $2k bond.
Mark Cuban was helping DW in 2020, and he was making progress (even tried… pic.twitter.com/5JhNUeEKA5
— michael j. babcock (@mikejbabcock) June 6, 2024