Уапсен поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, утрово е уапсен во акција на Специјалното полициско одделение (СПО), по налог на Специјалното државно обвинителство, објави „Вијести“.

Според извештаите, Вељовиќ е уапсен во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот (ЕУРОПОЛОМ).

Според информациите на „Вијести“, СПО од утрово врши претреси во Подгорица, Мојковац, Жабљак и Никшиќ, а во полициската акција има уште уапсени.

Веселин Вељовиќ беше директор на Полициската управа на Црна Гора од летото 2007 до 2011 година, а потоа од 30 јули 2018 до 17 декември 2020 година беше прв човек на црногорската полиција во вториот мандат.

Слични содржини