Уапсен руски војник кој шест месеци се криел од украинските сили

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската полиција уапси руски војник (42) кој шест месеци се криел во напуштени згради по ослободувањето на регионот Харков.

„Откако го пребаравме, се испостави дека се работи за маж од московската област и дека служел во 27-та моторизирана гардиска бригада“, се наведува во полицискиот извештај.

Мажот во цивилна облека, се одвоил од својата единица кога бегале од украинската армија во септември минатата година. Се уште не е јасно како успеал да се крие шест месеци по руското повлекување.

Украинскиот изненадувачки контранапад во Харковската област се случи во исто време кога руските сили беа нападнати од југ.

Не долго по ослободувањето, украинските власти спроведоа темелна истрага, барајќи руски војници кои биле оставени или заминале.

Слични содржини