Синот на Мадона и Гај Ричи – Роко беше уапсен за поседување на канабис. Соседите на 16-годишниот тинејџер се јавиле во полицијата откако го забележале да пуши сомнителна цигара.
Според весникот The Sun, синот на 58-годишната поп ѕвезда и 48-годишниот британски режисер ја носел дрогата во ранец.
Сосед на семејството Ричи во Лондон вели пред медиумите: “Роко веќе е добро позната фигура во соседството, но не поради познатите родители. Тој во неколку наврати го видел да делува сомнително. Овој инцидент едноставно ја прелеа чашата и трпението на локалното население. ”
Според запознаени “ѕвездениот“ наследник ќе се здобие со криминално досие, иако е малолетник. Најверојатно ќе треба и да присуствува на бројни средби со психолози.
Веста за Роко доаѓа само неколку месеци откако неговите родители водеа жестока битка во судот за неговото старателство.На крајот тој остана да живее во Лондон кај татка си и неговата нова сопруга Џеки Ајнсли, но редовно патува во САД за да ја посетува мајка си.
Неодамна Мадона го опиша Роко со зборовите “диво дете”.
