352
Томас Барак, милијардер и пријател на Доналд Трамп, кој беше на чело на инаугуративниот фонд на поранешниот американски претседател, беше уапсен под обвинениja меѓу кои и незаконско меѓународно лобирање и попречување на правдата, објави американското Министерство за правда.
Барак е обвинет за незаконско застапување на интересите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во САД, пренесува „Ројтерс“.
Тој е обвинет и дека лажел агенти на ФБИ за време на испрашувањето за неговите врски со ОАЕ.
Барак (74) е долгогодишен сојузник на Трамп и основач на „Colony Capital“.
Тој се повлече од функцијата извршен директор на компанијата во 2020 година, а во април годинава се повлече од функцијата извршен претседател.