Стив Бенон, долгогодишен сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, денеска им се предаде на федералните власти за да се соочи со обвинувањата за непочитување на Конгресот.
Бенон (67), поранешен главен помошник на Доналд Трамп, беше обвинет по две точки од обвинението, откако тој одби да сведочи за бунтот во американскиот Капитол на 6 јануари.
Според првата точка од обвинението, Бенон се товари дека одбил да се појави и да сведочи, а втората дека одбил да поднесе документи откако конгресната комисија му испратила покана.
HAPPENING NOW: Former Trump strategist Steve Bannon is surrendering to authorities over contempt charges. pic.twitter.com/eZsM0sGjh4
— CBS News (@CBSNews) November 15, 2021
Во текот на денот се очекува да се појави пред судот.
Доколку биде прогласен за виновен по двете точки, Бенон може да се соочи со затворска казна до две години.
Bannon streaming his arrest on his GETTR account. Very 2021. pic.twitter.com/aSo9KuwD3s
— Donie O'Sullivan (@donie) November 15, 2021
Да потсетиме, Комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој ги истражува немирите што се случија во Капитол, едногласно го поддржа гласањето за непочитување на судот во случајот на поранешниот главен помошник Доналд Трамп поради неговото непочитување на конгресните процедури.
Фото: STEPHANIE KEITH | Getty Images