427
Таткото на Урош Б.(21), кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, е лишен од слобода.
Како што дознава „Телеграф.рс“, во куќата на Радиша Б. било пронајдено оружје кое било одземено.
Таткото на Урош Б. е воено лице. Во полиција на разговор биле повикани и мајката, братот и снаата на Урош.
На таткото му е одреден притвор до 48 часа.
Во изминативе денови по селата обвиени во црно кружеше приказна дека Радиша Б. починал, како и дека се засолнил додека не се смири ситуацијата.
Да потсетиме, Урош Б. од околината на Младеновац е обвинет дека во четвртокот на 4 мај уби 8 лица и рани 14.
Осум часа подоцна бил уапсен, а на рочиштето во обвинителството го признал делото.