Мароканскиот државјанин Афија Абдерахман, за кого е на сила меѓународна потерница за тероризам, е уапсен во предградието на Салерно, на југот на Италија.
Според весникот „Фанпејџ“, тој на потерницата бил обележан како „опасен терорист“, а властите на Мароко, Франција и Шпанија го бараат од 2012 година.
Според потерницата, уапсениот терорист прво се приклучил на терористичката организација „Ал Нусра во Сирија“ во 2012 година, која дејствувала заедно со „Ал Каеда“, а потоа дејствувал како воен командант во единиците на Исламската држава.
Во потерницата се обвинува за меѓународен тероризам, нелегално поседување оружје и собирање пари за финансирање на терористички акции.
Терористот е уапсен благодарение на соработката на италијанската и мароканската антитерористичка полиција.