Уапсен турски државјанин кој од Скопје организирал онлајн игри на среќа

Во неговиот дом пронајдени се и пет саксии со канабис и марихуана

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Принтскрин

На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје.

При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.