Уапсен виновникот кој подготвил проект дека „Пулс“ ги исполнувала сите услови за лиценца

од Nikola Popovski
6,6K прегледи

Уапсено е лицето кое изработило проект без исполнување на условите и овозможил дискотеката „Пулс“ да добие лиценца. Ова вчера го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

За пожарот во дискотеката во Кочани досега се приведени 18 луѓе, а во краткотраен притвор се 16. Извршени се разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 во Кочани, за 16-мина изречен притвор од 48 часа.

„Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа иако не ги исполнувала основните услови, е уапсено“, информираше Тошковски.

Во трагичната несреќа повредени се 196 луѓе. Обдукцијата на починатите е завршена, информираше Тошковски.

Паралелно, темелна контрола се врши на објектите со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки, кабареа и клубови.

„Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре со лиценца од вкупно 13 објекти, 8 со истечена, 3 немаат никаква лиценца, посочи на вчерашната прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Во Куманово 3 објекти со важечка лиценца. Во Струмица има 4 лиценци од кои еден објект со истечена лиценца. Во Прилеп два објекти , и двата со истечена лиценца за кабаре или ноќен клуб“, додаде Митева.

Слични содржини