Тие се обидувале да шверцуваат голема група илегални мигранти во Италија
Грчката крајбрежна стража фати меѓународна криминална група која се занимава со трговија со мигранти. Бандата е уапсена при обид да префрли на територијата на Италија голема група на илегални мигранти. Меѓу трговците со луѓе има четири грчки граѓани. Тие се обиделе да пренесат од пристаништето Катаколо во Италија 119 илегални мигранти, соопшти Грчката крајбрежна стража. Мигрантите биле на два автобуса.
Тие требало да се истоварат во Италија. Според претставник на крајбрежната стража “криминалната група дејствувала веќе неколку месеци”.