Во координирана акција на полицијата на Албанија, со поддршка од Европол, во соработка со полициските служби на повеќе европски држави, разбиена е меѓународна албанска мрежа за шверц на кокаин и перење пари, осомничена за трговија со кокаин од Јужна Америка и перење пари,
Аакцијата координирана и со Специјализираното обвинителство на Албанија (SPAK) , расплеткувањето почнало со апсењето на клучен член на овој картел на крајот на јуни во Албанија.
Во претресите на 7 и 8 август, според Европол, запленети се:
-туристички комплекс, вили, апартмани, парцели, возила и удел во компании проценети на многу милиони евра.
-111.800 евра, 4.000 долари и 880.000 албански леки (околу 9.048 евра.
– физички и дигитални докази.
Се проценува дека само од една пратка кокаин, картелот остварувал заработка од повеќе од 40 милиони долари.
Обвинителите од СПАК ја опишуваат мрежата како една од најмоќните албански криминални организации, способна да влијае на цените на дрогата на европските пазари и да делува со исклучителна брзина и организација.