Уапсени 102 лица низ Европа и Западен Балкан: Со отпад пренесувале корона

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Низ цела Европа, 102 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале опасност за граѓаните и влијаеле на ширење на инфекцијатана коронавирус преку неправилно и незаконско управување со отпад.

Покрај тоа, запленет е имот вреден повеќе од 800.000 евра и изречени се прекршочни казни за повеќе од 819 компании или физички лица.

Инспекторите спроведоа скоро 280.000 инспекции на санитарен отпад и објекти за транспорт, кои беа клучни во запирањето на нелегалната трговија, складирање, отстранување на отпад и измама со документи.

Истрагите беа спроведени како дел од заедничката акција „Ретровирус“ спроведена од Европол во 30 земји на ЕУ и три во Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Само во една компанија што работеше низ Шпанија и Португалија, 20 лица беа уапсени за „злосторства против животната средина, работнички права и јавно здравје“.

Полицијата ги смета за одговорни за фактот дека компанијата во која работеле не го стерилизирала доволно санитарниот отпад.

„Со цел да се зголемат профитите, тие го скратија времето на стерилизација и со тоа го загрозија јавното здравје“, наведува Европол.

Најголемата акција беше спроведена во Португалија, каде беа извршени претреси во повеќе од 2.000 компании, болници и здравствени домови, уапсени се 30 лица, изречени се бројни прекршочни казни и запленет е имот во вредност од скоро 790.000 евра.

Проверки за транспорт на санитарен отпад беа извршени и низ ЕУ, а беа пронајдени илегални пратки во товарни пратки во Чешка, Полска, Романија и Словачка, кои потоа беа вратени во земјата од каде што беа испратени.

Европол наведува дека, од избувнувањето на пандемијата, се зачести незаконското третирање и отстранување на санитарниот отпад, поради што е започната операцијата „Ретровирус“.