Британската полиција објави дека уапсила 11 лица за расистички навреди кон фудбалерите на Англија по поразот во финалето на Европското првенство.
Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа цел на напади на социјалните мрежи откако не реализираа пенали во финалето на Европското првенство на 11 јули, по што Англија беше поразена од Италија.
Британската полиција објави дека од 207 коментари, кои имаат елементи на криминално дело, 123 од нив се објавени надвор од Обединетото Кралство и дека деталите за тие лица и случаи ќе бидат проследени до тие земји за понатамошна постапка.
Како што се додава, 34 потерници се од Велика Британија, а 11 лица се уапсени.
Полицијата рече дека луѓето кои мислат дека можат да се кријат зад сметките на социјалните мрежи „треба да размислат повторно“.