Уапсени 48 лица за грабежи во областите погодени од земјотресот во Турција

од Nikola Popovski
133 прегледи

Најмалку 48 лица се уапсени за грабежи во осум провинции погодени од земјотресот што во понеделникот се случи во јужниот дел на Турција, јавува денеска Anadolu Agency.

Осомничените биле приведени како дел од истрагата за грабеж извршен по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 25.000 луѓе во Турција и Сирија, додава агенцијата.

Локалните медиуми претходно денеска објавија дека десетина луѓе од градежната индустрија биле уапсени откако неколку илјади згради се урнале во земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во провинциите погодени од земјотресот да отворат „канцеларии за истрага за криминал поврзан со земјотресот“.

Слични содржини