60 лица се уапсени во неколку градови во Турција во врска со вчерашниот терористички напад . 16 од уапсените се во главниот град Анкара, а 15 од нив се државјани на Сирија.

Во туристичката зона крај плоштадот “Султан Ахмет” вчера во 10,40 наутро од бомба загинаа десет лица, девет од нив се Германци.
Турските власти се обидуваат да го насочи вниманието кон “Исламска држава”, но во моментов е јасно дека сторителот е 28-годишниот Набил Фадл од сириско потекло, роден во Саудиска Арабија, кој неодамна влегол од територијата на Турција од Сирија.