Италијанската полиција ѝ зададе голем удар на парлемитанската мафија со акција утринава, бидејќи беа уапсени 85 лица обвинети за разни кривични дела, пренесува агенцијата „Анса“.
Акцијата утрово е резултат на двегодишна истрага спроведена во неколку италијански градови, од Палермо до Рим, и уапсени лица се обвинети за производство и дистрибуција на дрога, корупција, мито, уцена и продажба на оружје.
Меѓу уапсените е Џузепа Витале, поранешен шефица на мафијашкото семејството „Фардача“, која соработуваше со полицијата при претходното апсење, а последните две години, во соработка со семејство од Сицилија, водеше набавка и дистрибуција на дрога од тајно место.
Затворски чувар исто така беше уапсен за корупција, кога беше утврдено дека, како курир, тој овозможувал врски помеѓу мафијаши што беа во затвор и надворешниот свет.
Истрагата утврди и дека некои локални политичари се поврзани со мафијата, а минатата година општинскиот совет беше распуштен, бидејќи некои членови беа вклучени во мафијашки работи.