165
Голема полициска акција се спроведе синоќа во струмичко-гевгелискиот регион, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Акцијата е под водство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Уапсени се повеќемина цариници и полициски службеници.
Со детали за случајот се очекува МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да се произнесат во текот на денешниот ден.