Уапсени четворица навивачи на Јувентус поради нацистички поздрави на мечот со ПСЖ

од Nikola Popovski
141 прегледи

Париската полиција уапси четворица навивачи на Јувентус кои гестикулирале нацистички поздрав и имитирале врисоци на мајмуни за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во Париз.

Полицијата уапси тројца возрасни и едно малолетно лице во вторникот вечерта откако прегледа видео снимки од навивачите на Јувентус на стадионот „Паркот на принцовите“ за време на натпреварот во Париз.

Како што соопштија од париското обвинителство, истрага е отворена поради расистички навреди, а вечерва биле сослушани и уапсените.

Тие биле сместени во делот за навивачи на Јувентус на стадионот, навел извор од полицијата.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како навивачите на италијанскиот клуб го изведуваат нацистичкиот поздрав и имитираат мајмунски врисоци.

Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори дисциплинска постапка и назначи инспектор кој ќе го истражи „осомниченото дискриминаторско однесување на навивачите на Јувентус“ за време на натпреварот против Пари Сен Жермен.

Слични содржини