Уапсени двајца возачи што „јуришале“ кај Желино и во Тетово

Двајца уапсени возачи вчера - кои енормно ги прекршиле ограничувањата за најголема дозволена брзина

од desk2
17 прегледи

СВР Тетово соопшти за два случаи на енормно пречекорување на најголемата дозволена брзина за возилата. Двајцата возачи се уапсени.

Во првиот случај, во 15:15 часот на наплатна станица кај Желино, Тетовско, бил лишен од од слобода Б.А.(28) од селото Горно Оризари, Велешко. При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека Б.А. управувал патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 178 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 100 километри на час.

Во вториот случај, половина час подоцна, на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го уапсиле Б.М.(20) од тетовското село Камењане.

БМВ управувал автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични содржини