Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело фалсификување исправа.
На 29 минатиот месец, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SAARS-CoV-2 вирусот.
Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведенатаа лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.
Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.