Уапсени двајца скопјани – агресивно се однесувале кон полицајци

од Берта Китинска
359 прегледи

На 17.03.2022 во 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги привеле Б.С.(29) и А.Р.(35), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи и кај А.Р. бил пронајден нож на расклопување, информира МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.