Уапсени македонски државјани во Швајцарија: Организирале илегални трки со автомобили

од Nikola Popovski
326 прегледи

Швајцарската полиција уапсила единаесет мажи и една жена за организирање нелегални трки со автомобили, а меѓу уапсените има и македонски државјани.

Како што се наведува, уапсените се на возраст од 24 до 40 години, а меѓу нив има и државјани на Швајцарија, Италија, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

– Оваа група организирала трки на кантоналните патишта на кои ограничувањето на брзината е 80 км на час. Автомобилите се движеле до 200 километри на час, а на автопатите и до 287 км на час. За таа цел се користеле спортски автомобили, кои беа дополнително модифицирани за да се развијат исклучителни брзини – се наведува.

Полициската акција започнала пред две години. Тогаш се појави информација дека овие трки се одржуваат околу Сент Гален, кога биле уапсени 21 возач.

Пронајдени се траги кои ја однеле полицијата до групата до Цирих, која сега паднала – пишуваат медиумите. Швајцарските власти заплениле автомобили користени на трките, а четири лица се задржани во притвор.

Слични содржини