Уапсени осомничени за убиството на „Ескобар“ од Никшиќ

од Nikola Popovski
310 прегледи

Денеска се уапсени двајца осомничени за убиството на Ранко Радошевиќ (54), попознат по прекарот Ескобар, пишуваат српските медиуми.

Уапсени се Лука В. (27) и Стефан З. Полицијата во станот во Нов Белград пронашла и оружје за кое се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен Радошевиќ. Малолетно девојче е трето уапсено лице во станбениот блок.

Радошевиќ беше убиен на бензинска пумпа во белградското предградие Рушањ. Тој се занимавал со препродажба на блиндирани автомобили.

Радошевиќ претходно бил спомнат во контекст на сопственикот на еден таков автомобил, кој бил пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук. Во јавноста е познат и како „Ранко Ескобар“, а по потекло е од Никшиќ, Црна Гора.

Наводно, тој бил поврзан и со трговија со дрога.

Тој во полицискиот документ „SOCTA“ бил означен како член на криминалната група од Никшиќ. Бил регистриран како член на криминалната организација Радомир – Бобан Баќовиќ од Никшиќ. Како што пишува „Вијести“, името на Радошевиќ се споменувало и на судењето на наркобосот, Дарко Шариќ.

Слични содржини