Уапсени пет лица кои планирале напади во пресрет на референдумот во Турција

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Турската полиција уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со Исламска држава и оти планирале „сензационални напади“ во пресрет на референдумот за зголемување на овластувањата на турскиот претседател, закажан за 16 април.

Меѓу уапсените има и еден државјанин на Таџикистан, кој патувал во зоните на конфликтот каде што војува ИД.
По добиена дојава, полицијата вчера спровела три симултани операции во Истанбул.

Екстремистичката ИД повика да се извршат напади во пресрет на референдумот, кој го оценија како гласање е спротивно на бог. Џихадистичката организација изјави дека муслиманите кои ќе гласаат се, всушност, неверници./мета