Уапсени скопјанец и битолчанец, полицијата кај нив пронашла дрога

од Milan1

Вчера во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така вчера во 20.20 часот часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини