367
На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости.
Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок,соопштија од МВР.