Уапсени струмичанец и неготинец – ги тепале сопругите

од Stefanija Kuzmanovska
447 прегледи

МВР информира дека вчера во 15.40 часот во Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.С.(59), поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Истиот ден, во 22 часот во Неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Г.Ц.(42), поради тоа што во домот со тврд предмет физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот и за овој случај ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини