Во акција на грчката полиција биле уапсени три лица, државјани на Република Грција, членови на криминална мрежа што од Северна Македонија во Грција пренесувала оружје и дрога.
Во акцијата запленети се 55,5 килограми канабис, автоматска пушка, митралез и 139 куршуми, а дополнително идентификуван е уште еден член.
Поконкретно, како што соопштија од грчката полиција, непознати членови на групата, во Грција од Северна Македонија внеле три торби со канабисот и оружјето, кои му ги предале на еден од уапсените, а тој, во поширокиот регион на Кукуш, торбите им ги предал на другите двајца уапсени.
Уапсените, со две возила се упатиле накај со Солун, со цел да му ги предадат торбите на четвртото лице кое е идентификувано, но не е уапсено, меѓутоа биле спречени од полицијата.