365
Утрово во 05:15 часот на ул.„Илинден“ во Скопје, биле уапсени три лица бидејќи кај нив биле пронајдени опојни дроги, известува Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека полициските службеници ги лишиле од слобода В.М.(29), С.С(22) и А.Ж.(30), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, таблети и тврда материја.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.