478
Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС.
За оваа акција итно бил известен шефот на државата Александар Вучиќ, кој бил во руската амбасада, каде присуствувал на приемот по повод одбележувањето на Денот на Русија, а по добиената информација се упатил во зградата на Претседателството.
Се уште не се знае каде биле упатени и зошто биле вооружени.