Уапсените приврзаници на Трамп денес ќе се појават на суд

од Nikola Popovski

Првата група приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп уапсени за време на насилните протести на Капитол Хил, денеска ќе се појават на суд како би се соочиле со обвинувањата.

Началникот на полиција Метрополитен, Роберт Конте на прес-конференција соопштил дека 47 од 52 апсења се поврзани со нарушување на полицискиот час воведен од градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боусер, поради протестот и дека 26 лица се уапсени на самиот Капитол Хил, каде требаше да се одржи седницата на Конгресот за потврда на резултатите од претседателските избори.

Неколку лица се уапсени под обвинение за поседување забрането оружје или носење оружје без дозвола, пренесува Ројтерс.

Во немирите во Вашингтон вчера беа убиени четири лица, меѓу кои и една жена која беше застрелана од полицаец.

Слични содржини