Финансиската полиција спроведува за акција за апсење на уште едно лице кое е осомничено дека е поврзано со случајот „Државна лотарија“. Оттаму велат дека ќе излезат со детали по спроведувањето на лицето во Обвинителството.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, денеска на собраниска седница изјави дека лицето е уапсено поради злоупотреба на Буџетот.
Премиерот Христијан Мицкоски исто потврди дека „добил информации во текот на седницата и дека списокот на уапсени за малверзации во Лотарија се проширува, со нови обезбедени лица и ќе треба да бидат изведени пред обвинител и пред судија“.
За случајот „Лотарија“, Обвинителството покрена обвинение за поранешниот вицепремиер Груби кој се бара со меѓународна потерница и за директорот на компанијата Бајрами. Индициите се дека со проневерените пари се купувале криптовалути за да им се изгуби трагата.
Премиерот Мицкоски, заедно со министерот за внатрешни работи најавија дека Груби кој се бара со меѓународна потерница, властите ќе го вратат во земјава. Според премиерот, истрагата ќе покаже за колкава разлика станува повеќе. Станува збор за поголема сума од првичната проценка.
Додека власта се обидува да го обезбеди пред судот на правдата, опозицијата критикува и бара владата да ги тргне рацете од правосудството.