Уапсено лице од Норвешка по потерница од Интерпол

од Vladimir Zorba
263 прегледи

На граничен премин „Долно Блаце“ вчера напладне од полициски службеници е лишен од слобода Б.M.(43) од Норвешка, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси”, издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол.

За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Слични содржини