141
На 11.08.2022 во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко.
Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по поднесување на кривична пријава во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од основен суд Струмица.