724
Денеска во попладневните часови е приведено уште едно лице од организираната криминална група поврзано со трговијата на дрога.
Со тоа во акцијата „Планина“ вкупно се приведени 22 лица.
Организираната криминална група била следена цела година.Од МВР соопштија дека кај приведените е пронајдена и запленета дрога, автомобили, пари, мобилни телефони.
Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд.
Акцијата е се уште во тек, се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.